Италијанецот Андреа Тринкиери ќе биде новиот тренер на кошаркарите на Партизан од Белград. Оваа информација ја пренесоа српскиот весник „Журнал“ и специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.
Тринкиер од вчера е во Белград, а во текот на ноќта успешно ги завршил преговорите со претседателот на Партизан.
Италијанецот во еден од најтрофејните клубови од просторите на поранешна Југославија доаѓа во мнугу чувствителен момент, кога тимот се наоѓа во серија од пет порази.
Поради лошите резултати, Ненад Чанак, во саботата по поразот од Задар во Белград, си поднесе оставка.
Најголемите успеси во кариерата Тринкиери г постигнал со Бамберг. Со оваа екипа три години по ред ја освојуваше шампионската титула во Германија, но во февруари оваа година тој доби отказ.
Тринкиери работел во Триболди, Јувекасерта, Верона и Канту, а бил и селектор на Грција.