Српскиот центар Никола Јокиќ продолжува со брилијантните партии во НБА и само потврди дека во моментов е еден од најдобрите играчи во лигата.
Денвер Нагетс, изминатата ноќ ги совладаа Мајами Хит со 103:99, а Јокиќ забележа трипл-дабл и на 2,4 секунди до крајот на мечот го постигна решавачкиот кош.
За нешто помалку од 40 минути на теренот Јокиќ забележа 29 поени, 11 скока и 10 асистенции. Ова е 20. трипл-дабл за Србинот во НБА лигата.
Денвер Нагетс со 27 победи и 12 порази се лидери на Западната конференција во НБА лигата.