Top Sport

Цедевита Олимпија и Будуќност ги дознаа противниците во Еврокупот

Две екипи (Цедевита Олимпија и Будуќност) ќе ја претставуваат регионалната АБА лигат, во Европкупот. Попладнево екипите од Љубљана и Подгорица ги дознаа противниците за сезоната 2023/24.

Покрај Цедевит Олимпија, во групата А се и Хапоел Тел Авив, Хувентуд, Париз, Венеција, Волвс, Бешикташ, Хамбург, Прометеј и Лондон.

Во групата Б заедно со Будуќност се и Гран Канарија, Улм, Бург, Турк Телеком, Лијеткабелис, Арис, Тренто, Сљонск и Клуж.

Групната фаза на натпреварувањето во која сите ќе играат меѓу ќе се игра од од 3 октомври до 7 февруари 2024 година.

Потоа директно во четвртфиналето ќе се пласираат двете првопласирани екипи од двете групи, додека во осминафиналето ќе играат екипите од второто до шестото место.

Во четвртфиналето и осминафиналето ќе се игра по еден натпревар, додека полуфиналето и финалето ќе се играат по два добиени натпревари.

Победникот на Еврокупот ќе се пласира во Евролигата.

Трофејот ќе го брани екипата на Гран Ганарија која од финансиски причини се откажа од учеството во Евролигата.

Scroll to Top