Top Sport

Црногорците без шанси против Литванија, Италијанците преку Филипините со 17 тројки

Литванија стигна до убедлива 91:71 победа над Црна Гора за да го потврди првото место го групата Е на Светското првенство и покрај одличниот старт на противникот.

Црногорците имаа 26:19 предност во првата четвртина предводени од Марко Симоновиќ, кој уфрли 11 поени, но потоа Литванците ја покажаа својата сила и искуство за да стигнат до 48:38 водство во вторта четвртина. Оваа разлика растеше во второто полувреме, и Црна Гора се откажа од можноста за камбек.

Рокас Јокубаитис имаше 19 поени, 6 асистенции и 5 скока за Литвнија, Кузминкас имаше 15, а Валанчијунас 11, додека кај Црна Гора, Никола Вучевиќ заврши со 19 поени, а Кендрик Пери и Симоновиќ имаа по 13 поени.

Италија, пак, со две победи го обезбедија второто место во групата А, по 90:83 победата над Филипините, за да осигураат мечеви со Србија и со уште една репрезентација од групата Б во втората рунда.

„Аѕурите“ беа расположени за шут-игра, постигнувајќи 17 тројки (од 41 обид), додека имаа 12 успешни обиди од 23 обиди за два поени. Домаќините имаа 30:28 предност, но во втората четвртина, Италијанците ја презедоа контролата на мечот и поведоа со 35:30, која ја задржа во текот на целиот меч.

Симоне Фонтекио заврши со 18 поени и 6 скока, Џампаоло Ричи имаше 14 поени, додека за Филипините, Џордан Кларксон имаше 22 поени за Филипините.

Scroll to Top