Top Sport

(Видео) Грчката тенисерка Сакари призна дека не загубила поради мирисот на марихуана

Најдобрата грчка тенисерка Марија Сакари призна дека се пожалила на судијата за мирисот на марихуана при неочекуваниот 6:4/6:4 пораз од 71-рангираната Ребека Масарова, но отфрли дека се обидела да најде изговор.

„Тоа е трева! Мирисот, боже мој. Мислам дека доѓ од паркот“, се жалеше осморангирната тенисерка на светот за време на мечот.

Сепак, по мечот, таа имаше поинаква приказна.

„Мирисот не влијаеше на резултатот. Тоа беше само коментар, бидејќи беше невообичаено, но немаше врск со поразот. Не обрнував многу внимание, а истиот мирис го имаше и во неделатта на тренинг. Понекогаш мириса на јадење, понекогаш на цигари, но тоа е отворен парк и луѓето прават што сакаат“, вели Сакари, која загуби на три од четирите овогодишни гренд слем турнири во првото коло.

Scroll to Top