Top Sport

Црвена Звезда го враќа Никола Калиниќ?

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда планира да го врати во тимот својот поранешен играч Никола Калиниќ. Тој оваа сезона е дел од Барселона, а „црвено-белите“ сакаат да го засилат тимот со искусниот кошаркар и следната сезона да нападнат кон Топ 8 во Евролигата.

Оваа сезона тоа му успеа на големиот ривал Партизан, кој беше на чекор и до пласман на Ф4 турнирот во Каунас. Сепак, иако имаше две победи предност во серијата три успеси, на крајот беше елиминиран од Реал Мадрид.

Српските медиуми најавуваат дека за Никола Калиниќ ова ќе биде четврти престој во тимот на Црвена Звезда во кариерата.

Scroll to Top