Top Sport

Црвена звезда му нуди на Миротиќ 2.700.000 милиони евра

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда наводно испратил огромна понуда за Никола Миротиќ. Грчкиот новинар Харис Ставру, кој објави дека од Белград пристигнала понуда вредна 2.700.000 евра годишно.

Доколку Миротиќ ја прифати понудата, би станал најплатениот играч кој некогаш играл во овој регион.

Миротиќ се прости од Барселона, каде поради финансиски тешкотии решија да им ги намалат платите на играчите, меѓу кои и Миротиќ. Тоа не му се допадна на искусниот кошаркар, па почна да бара нов тим.

„Искрено, никој ништо не ми кажа. Посакувам да заврши поинаку бидејќи мојот агент ги праша дали тоа е финансиски проблем и дали можеме да направиме нешто и да се договориме, но никој не ми се обрати ниту еден момент“, изјави Миротиќ. .

Се чинеше дека изборот на Миротиќ ќе биде Олимпија од Милано, како што првично објави „Спортандо“, но, според информациите од Грција, во трката се вклучила и Звезда.

Миротиќ во Барселона пристигна во 2019 година, а минатата сезона беше МВП на Евролигата. Со околу пет милиони евра годишна плата, Миротиќ беше најскапиот играч во Европа, а како што претходно објавија шпанските медиуми, искусниот кошаркар со сите даноци ја чини Барселона околу 11 милиони евра годишно.

Тимот на Шарунас Јасикевичиус сезонава не успеа да ја освои Евролигата иако беше главен фаворит за шампионската титула. Миротиќ може сезоната да ја заврши со титула во шпанското првенство. Барселона има предност од 2:0 против Реал, во серијата која се игра до три победи.

Scroll to Top