Top Sport

Челси го потврди трансферот на Нкунку

Челзи официјално го потврди трансферот на 25. годишниот француски репрезентативец, Кристофер Нкунку. Инаку, овој трансфер „сините“ го договорија во јануарскиот преоден рок.

Висината на трансферот не се наведува, но англиските медиуми пишуваат дека зделката била вредна 62 милиони евра. Нкунку со Челси потпиша шест годишен договор.

„Неверојатно сум среќен. Напорно работев за да дојдам на ова ниво. Со нетрпение очекувам да ги запознаам моите нови соиграчи и тренерот и се надевам дека ќе успеам да им покажам на навивачите на Челзи што се можам да направам на теренот“, рече Нкунку по неговото пристигнување.

Минатата сезона, Нкунку постигна 23 гола во 36 натпревари за Лајпциг. Вкупно, тој одигра 172 натпревари за германски клуб, постиг 70 гола. Пред тоа играше за ПСЖ.

Scroll to Top