Турција се откажа од организацијата на Светското првенство во кошарка во 2023 година. За својата одлука Кошаркарскиот сојуз на Турција со писмо ја извести ФИБА.
Парите кои Турција ги планираше за организацијата на Мундобаскетот 2023 ќе ги пренасочи во развој на кошаркаските центри низ државата.
Турција беше еден од организаторите на последното Европското првенство, беше домаќин на една од групите, а во Истанбул се играше главната фаза, но националниот тим не се прослави и не успеа да ја мине групата.
Поради тоа делува логично размислувањето на претседателот на Сојузот, Хидајет Туркоглу, да вложува во инфраструктурата и во развој на младите таленти, а дел од парите предвидени за организацијата ќе бидат насочени и во клубовите.
По откажувањето на Турција во игра за добивање на организацијата на Мундобаскетот 2023 година останаа самостојната кандидатура на Русија, односно заедничките на Аргентина и Уругвај, односно на Индонезија, Филипините и Јапонија.