Top Sport

Туркоглу: Контроверзно е, тренер и играчи на Виртус од Србија, а мечот во Белград!

Претседателот на кошаркарскиот сојуз на Турција, легендарниот екс-кошаркар Хидајет Туркоглу вели дека е разочаран од одлуката на Евролигата мечот меѓу Дарушафака и Витрус Болоња да се игра на неутрален терен, во Белград.

Мечот од 6. коло од Топ 1 фазата на Еврокупот меѓу турската и италијанската екипа кој денеска требаше да се игра во Истанбул ќе се игра во Белград ( без публика) поради проблемите со коронавирусот во Италија.

„Одлуката за одигрувањето на мечот во Белград е големо разочарување за мене. Таа одлука на Евролигата е неразбирлива, ги вложивме сите напори мечот да се игра во Истанбул. Одлуката е против сите вредности кои Евролигата ги пропагира и против духот на играта. Се станува контроверзно кога ќе разберете дека тренерот и некои играчи на Виртус се од Србија, тоа е целосен пресврт за нас. Не сакаме никакво неспортско однесување. Ја замолувам Евролигата да биде претпазлива“ – рече Туркоглу.

Дарушафака и Виртус ќе играат во Белград

Scroll to Top