Рахим Бејкон, братот на поранешниот кошаркар на Монако и Панатинаикос, Двејн Бејкон, е убиен на забава во Флорида.
Рахим е убиен на 28. јули за време на забава организирана од неговиот брат Двејн, на која присуствувале голем број луѓе.
Рахим Бејкон беше рапер, познат по името „350Heem“, а забавата била организирана за да го промовира неговиот нов албум.
Според полициските извештаи, пукањето се случило околу 01:51 часот по полноќ. По пукањето Рахим (25) бил пренесен во болница каде починал, а за убиство е осомничена 23. годишната Џамила Џонсон, која е уапсена.
На местото на настанот било пронајдено огнено оружје, а полицијата открила дека пиштолот бил украден во 2015 година.
Покрај Монако и Панатинаикос, Двејн Бејкон играше и во НБА лигата каде го носеше дресот на Шарлот и Орландо.