Top Sport

Удока ќе биде новиот тренер на Бруклин

Поранешниот тренер на Бостон Селтикс Име Удока ќе биде новиот тренер на Бруклин Нетс. Челниците на Бруклин, вчера, му врачија отказ на Стив Неш.

Стив Неш доби отказ поради лошите резултати на тимот во првите седум натпревари од новата сезона. Американските медиуми, тврдат дека клубот се договорил со Име Удока.

Удока минатата сезона го предводеше Бостон до големото финале, но пред почетокот на оваа сезона беше суспендиран бидејќи имал афера со колега, што е забрането со статутот на Селтикси.

Тоа не е проблем за Нетс, а бидејќи НБА не презеде ништо, Удока има право да биде тренер на кој било друг тим.

Scroll to Top