Натпреварот помеѓу Филаделфија и Минесота Тимбервулвс ја обележа тепачката помеѓу центрите на двата тима Џоел Ембид и Карл-Ентони Таунс.
Константната борба и меѓусебното провоцирање од самиот почеток на мечот се претвори во тепачка во третата четвртина при резултат 75:55 за Филалделфија.
Додека нападот се одвивал на спротивната страна Ембид и Таунс влегле во дуел, а потоа завршиле на паркетот.
По мечот Камерунецот Ембид напишал: „Сум растел со лавови, а ме нападна мачка“, а во постот напишал нешто интересно: „Ја видов неговата мајка како миго покажува средниот прст“.
KAT and Joel Embiid got into it in Philly ? pic.twitter.com/2hECsbzKRv
— SportsCenter (@SportsCenter) October 31, 2019
Брзата реакција на играчите и луѓето од клупите на двата тима спречила уште поголем инцидент. Ембид потоа како некој боксер ја прославил „победата“.
Двајцата биле исклучени, а лигата наредните денови ќе реши дали ќе им додели дополнителни казни.
THINGS ARE ESCALATING IN PHILLY WITH KAT AND EMBIID GOING AT IT. pic.twitter.com/7nNhWnCHFv
— NBC Sports Philadelphia (@NBCSPhilly) October 31, 2019