Top Sport

Проблем за Ворирос, се повреди Стеф Кари (Видео)

Најдобриот кошаркар на Голден стејт Вориорс, Стеф кари, во третата четвртина на натпреварот со Финикс Санс се здобил со фрактра на дланката на левата рака.

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА-лигата, по сударот со Ерон Бејнс завршил на паркетот, а центарот на Санс паднал преку него, кога и се случила повредата.

Кари веднаш заминал во соблекувалната каде била констатирана фрамктурата.

Клубот не излегол со информации колку време ќе отсуствува Кари од НБА терените.

Повредата на Кари е дополнителен проблем за Вориорс, кои сезоната ја отворија со три порази и една победа, а поради повредата тие долгорочно не можат да сметаат на Клеј Томпсон.

Инаку Голден стејт доживеаја пораз од Финикс 112:110, а неверојатно звучи податокот дека Вориорс во првата четвртина имаа негатива од 29 поени.

Scroll to Top