Top Sport

(Видео) Уникс на Димитријевиќ поведе во финалето на ВТБ лигата

Уникс Казан на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ поведе со 2:1 во финалната серија на руската ВТБ лига, откако во интерсен меч како гостин стигна до 81:82 (18:25, 30:19, 22:22, 11:16) победа над Локомотив Кубан од Краснодар.

Дерил Мајкон беше најефикасен за Уникс со 14 поени, додека Димитријевиќ заврши со 13 поени и со клучна асистенција до Маркус Најт во финишот на мечот за потврда на победата. Кај Локомотив Џелејн Барфорд уфрли 20 поени.

Четвртиот меч од финалната серија повторно се игра во Краснодар на 13 мај.

Scroll to Top