Top Sport

Вардар закажа големо финале со Пелистер

Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија против лутиот ривал Еурофарм Пелистер, откако во второто полуфинале со 31:22 го совладаа скопскиот ривал РК Алкалоид.

По израмнетиот старт на мечот, Вардар направи серија од 6:0 за да поведе со 11:5, предност која до крајот на полувремето остана на +5 (14.9). Вардар ја задржа контролата на мечот и во второто полувреме, и Алкалоид успеа само неколку пати да дојде на дтри гола разлика.

Дејан Манасков беше најефикасен со 12 гола, додека Гоце Георгиевски додаде шест гола за Вардар, додека Мартин Серафимов постигна шест за Алкалоид. Мартин Толовски на голот на Вардар беше фантастичен со 15 одбрани.

Финалето на Купот се игра во сабота од 18 часот во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top