Top Sport

Уште еден НБА играч паднал на допинг-тестот

Џон Колинс кошаркар на Атланта Хокс паднал на допинг тестот. НБА лигата му изрече суспензија од 25 натпревари.

На тестот Колинс бил позитивен на супстанцата која ги зголемува хормоните за растење (Петпид-20, а која се наоѓа на листата на забранети супстанци.

„Им се извинувам на сите, особено на соиграчите и навивачите. Јас сум од оние што внимаваат што внесуваат во организмот. Очигледно се работи за суплемент кој бил контаминиран со недозволена супстанца. Ќе ја обжалам одлуката“, рекол Колинс.

Суспензијата ќе му започне со натпреварот против Сан Антонио Спарс.

Џон Колинс од 2017 година е во Атланта, минатата сезона имал просек од 19,2 поени и 9,8 скока по натпревар.

Претходно иста казна, исто така поради позитивен допинг тест доби и центарот на Финикс Санс, Диандре Ејтон.

Scroll to Top