Top Sport

Уште еден убедлив пораз за кошаркарите на турнирот во Талин

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз на квалификацискиот олимписки турнир во Талин. Домаќинот на турнирот Естонија ја победи Македонија со 83:59 (25:7, 19:15, 21:22, 18:15).

Македонија одигра катастрофална прва четвртина, по која Естонија стекна капитална предност од 18 поени. До крајот Естонија рутински ја сочува предноста.

Војдан Стојановски со 12 и Ти-Џеј Шортс со 11 поени беа единствените довцифрени во редовите на македонската репрезентација.

Естонија ја предводеа Треиер со 14, односно Дрел и Рајесте со по 12 поени.

Претходно во оваа група Израел со 80:67 ја победи Чешка. Во понеделник Израел и Естонија ќе се борат за првото место во групата, но јасно е дека и двете селекции ќе продолжат во полуфиналната фаза која се игра во Гливице, Полска.

Македонија против Чешка ќе игра за престиж, во понеделник од 15 часот.

Scroll to Top