Името на НБА легендата Мајкл Џордан вечно ќе биде поврзано со американскиот производител на спортска опрема „Најк“, меѓутоа тој лично вели дека историјата би била поинаква, германскиот гигант „Адидас“ да покажеле малку интерес за него.
Во петтата епизода од документарната серија „Последниот танц“, Џордан открива дека не бил многу заинтересиран за состанок со шефовите на „Најк“, бидејќи имал намера да поптише за славниот „бренд со три ленти“, „Адидас“. На крајот, инсистирањето на неговата мајка било клучно и „Најк“ го направија него нивни спортист број 1 преку револуционерната едиција „Air Jordan“.
„Мојата мајка ми кажа: ’Ќе слушаш. Можеби нема да ти се допаѓа, но ќе одиш таму и ќе слушаш’. Таа ме натера да се качам на тој авион и да слушнам“, вели Џордан.
Тој признава дека би сакал да игра со „трите ленти“ бидејќи во тој период „Адидас“ бил „премиум брендот“, но шефовите на германската компанија не сметале дека тој е погоден за нивниот бренд и му кажале дека нема да биде нивни број 1 и дека нема да има сопствена едиција на патики. Уште еден голем бренд, „Конверс“, исто така не биле заинтересирани да го направат Џордан број 1.
„Отидов таму и иако не сакав да бидам таму, ’Најк’ направија голем проект. Мојот татко ми кажа: ’Треба да си луд да не го прифатиш ова’“, објаснува Џордан.
За „Најк“ ова исто така беше фантастичен потег – со Џордан како нивни број 1, тие ги надминаа сите очекувања – во првите 4 години очекуваа продажба од 3 милиони долари, а остварија 126 милиони долари во првата година.