Сан Антонио Спарс и Филалделфија ’76 поведоа во сериите против Денвер Нагетс, односно Бруклин Нетс со 2:1. Спарс ги победија Нагетс 118:108 во првиот од двата меча што ќе ги играат на домашен терен, додека Филалделфија го врати брејкот со победата 1313:115 .
Дерик Вајт, одигра спектакуларен меч против Денвер, заврши со рекордни во кариерата 36 поени и му обезбеди нова предност во серијата на својот тим. Одличен кај Спарс беше и Демар Дерозан, кој 19 од своите 25 поени постигна во третата четвртина, а стандардно добар ме имаше Ламаркус Олдриџ (18 поени, 11 скока, 5 асистенции).
Кај Денвер се истакнаа Никола Јокиќ (22 поени, 8 скока, 7 асистенции), Малик Бизли (20 поени) и Пол Милсап (18 поени).
Копаркарите на Филалделфија во целост им се реваншираа на колегите од Бруклин за поразот во првиот меч. Без својот најдобар играч, Џоел Ембид, Филалдлефија ги декласира Бурклин 131:115.
До втората победа во оваа серја Филаделфија ја предводеа Бен Симонс (31 поен, 9 скока, 4 асистенции), Тобијас Херис (29 поени, 16 скока), Џеј-Џеј Редик (26 поени) и Бобан Мајановиќ (14 поени, 8 скока).
Кај Брклин се истакнаа Карис Лаверт и Дианџело Расел со по 26 поени.