Top Sport

Ван Ганди доби отказ по една сезона со Пеликанс

Њу Орлеанс пеликанс потврдија дека се разделиле со тренерот Стен ван Ганди по само една сезона во тимот. Пеликанс имаа разочарувачка 31-41 сезона и не успеаја да влезат во плејофот во Западната конференција.

„Му се заблагодаруваме на Стен за интегритетот и професионализмот со нашиот тим и посветеноста кон напорната работа. Ова беше тешка одлука, бидејќи лично и професионално имам голем почит кон него, но сметаме дека е најдобро да одиме во поинаква насока“, изјави потпретседателот на кошаркарски операции на клубот, Дејвид Грифин.

Можни замени за Ван Ганди се асистентите Жак Вон и Име Удока (Бруклин), Чарлс Ли (Милвоки) и Џејсон Кид (ЛА лејкерс), тврди „ЕСПН“.

Scroll to Top