Top Sport

Пред мечот Италија-Швајцарија, пронајдена бомба во автомобил во близина на „Олимпико“!

Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ тврди дека била пронајдена автомобил-бомба во близината на „Олимпико“ пред мечот Италија-Швајцарија, кој стартува во 21 часот, и таа била уништена со контролирана експлозија.

Според весникот, бомбата била во паркиран Смарт автомобил на „Пјаца Манчини“, во близината на фудбалскиот стадион, каде што фановите поминуваат пред мечот, на кој ќе има 25 отсто од капацитетот на стадионот.

Нивните извори велат дека случаен минувач забележан сомнителен обнјект во паркираниот автомобил и ја повикал полицијата, која направила контролирана експлозија во 18 часот.

Scroll to Top