Никој не може да знае низ што поминува сопругата на Коби Брајант, Ванеса по трагичната хеликоптерска несреќа минатата недела во која животот го загуби нејзиниот сопруг и нивната 13-годишна ќерка Џана.
Најновата порака на Инстаграм, само може да долови дел од болката која ја чувствува мајката, која остана сама со трите ќерки.
„Го гледам моето девојче повторно насмеана и среќна со кошаркарска топка под раката во виолетово-жолта тренерка. Тоа ми го загреа срцето. Мојата Џиџи“, напиша Ванеса под сликата на јапонската илустраторка Реина Којано.
Претходно, Ванеса се заблагодари за поддршката која ја добива таа и нејзините ќерки по трагедијата.