Top Sport

Реал Мадрид вработија тренер со само 18 години

Студентот Џордан Хедвеј (18) ја доби работата од соништата. Младиот тренер на сениорската екипа на велшкиот петтолигаш, Кервис доби постојана работа во Реал Мадрид. Тој ќе биде тренер во академијата на Кралскиот клуб за подрачјето на Велика Британија и во текот на летото ќе ги води сите кампови.

Хедвеј неодамна ја доби Б лиценцата на УЕФА, а сезонава води екипа во која има фидбалери кои се двојно постари од него. Тој е прогласен за најмлад тренер во светот.

„Сите играчи ми се обраќаат со шефе, иако тоа и понатаму ми е чудно. Од првиот ден им реков да ми кажат ако мојата работа не им се допаѓа, но односот ни е сјаен“ – вели Хедвеј кој сакал да биде фудбалер, но на 16 години увидел дека тоа не е она што го исполнува.

Мадридскиот клуб ја следел неговата работа, па го повикал да одржи предавање во мадрид, по што му ја понудил работата.

Младиот тренер студира кинезологија, а сака да работи и како учител во основно училиште.

Scroll to Top