Двејн Вејд објави дека претстојната НБА сезона ќе биде последна во неговата кариера. Вејд (36) ќе потпише едногодишен договор со Мајами Хит за ветерански минимум од 2,4 милиони долари.

Вејд својата одлука ја соопшти преку емотивна видео-порака. Популарниот Флеш, рекол дека е подготвен за „последниот танц“.

Двејн Вејд во НБА лигата влезе во 2003 година, кога Мајами го избра од петтата позиција на драфтот. За екипата од Флорида настапуваше до 2016 година, потоа играше во Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс, а во февруари се врати во Мајами.

Тој 12 пати има настапено на „Ол-стар“ натпреварот, а со Мајами три пати ја освоил лигата. Во 2006 година беше МВП на финалната серија.

Вејд е најдобриот стрелец, асистент, крадец на топки и играч со најмногу одиграни натпревари за Мајами.