Top Sport

Роналдињо може да добие пет години затвор

Некогаш најдобриот светски фудбалер Роналдињо и неговиот брат вчера беа уапсени во Парагвај. Тие во во државата влегле со фалсификувани пасоши. За да не ги привлечат медиумите полицајците не ги уапсиле на аеродромот во Асунсион, туку тоа го направиле откако тие се сместиле во хотелот.

Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис биле испрашувани седум часа, а откако пред судијата ја признале вината за стореното дело, биле пуштени да се бранат од слобода.

На сослушувањето тие откриле дека биле измамени од еден бразилскиот бизнисмен Вилмондес Соуса Лира, кој исто така бил уапсен.

Обвинителот Федерико Делфино рекол дека информациите што ги добиле од Роналдињо и неговиот брат биле многу корисни и ќе можат да бидат искористени за да биде растурена криминалната организација која фалсификува документи.

„Ќе предложиме да плати казна. Судот треба да реши дали ќе го прифати нашиот предлог и колкава казна ќе одреди. истрагата е во почетна фаза, собравме многу информации, идентификувавме неколку осомничени. Сакаме да ја откриеме целата банда“, рекол обвинителот Делфино.

Според законите во Парагвај, за поседување на лажни документи максималната казна е пет години затвор.

Роналдињо, во средата, пристигнал во Парагвај за да ја промовира својата нова книга и да присуствува на еден хуманитарен настан.

Роналдињо можел без пасош да влезе во Парагвај

Scroll to Top