Top Sport

Вембањама се пријави на НБА драфтот

Талентираниот француски кошаркар Виктор Вембањама се пријави на НБА драфтот.

Играчот на Метрополитен, кој се очекува да биде прв пик на драфтот, со својата одлука направи вистински метеж меѓу франшизите.

Детроит го има првиот пик на годинешниот драфт во НБА лигата, па оваа информација секако најмногу им се допадна на Пистонс.

Само неколку недели претходно, 19. годишниот Вембањама на својот „Твитер“, објави дека нема да се пријави за овогодишниот НБА драфт, туку дека тоа ќе го направи следната година.

Сезонава просечно бележи 21,4 поени, 9,9 скока и 2,3 асистенции.

Scroll to Top