Top Sport

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мадрид

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Мадрид, соопштија организаторите. Светскиот број 1 има проблем со повредата на лактот на десната рака.

„Новак Ѓоковиќ не е во можност да се натпреварува во Мадрид. Му посакуваме брзо опоравување, се надеваме дека ќе се видиме што поскоро на теренот, Ноле“, се вели во соопштението на организаторите.

По поразот од Душан Лајовиќ во четвртфиналето на турнирот во Бања Лука, Ѓоковиќ реши да го прескокне Мастерсот во главниот град на Шпанија, кој е закажан од 24 април до 7 мај.

Минатата година Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Scroll to Top