Претседателот на НБА франшизата Денвер Нагетс Том Конели верува дека неговиот тим може да го освои шампионскиот прстен оваа сезона. НБА лигата ќе продолжи по пандемијата на коронавирусот, а се шпекулира со 31 јули како како можен датум кога играчите ќе се вратат на терените.
Франшизата на Колорадо има големи амбиции во случај сезоната да продолжи.
„Нашите момци се подготвени да направат големи работи во плеј-офот. Навистина мислиме дека можеме оваа година да ја освоиме титулата“, рекол Конели.
Во моментот кога беше прекината сезоната Денвер беа трени на Западот со 43 победи и 22 порази.
Минатата сезона Денвер Нагетс испаднаа во конференциското полу-финале од Портланд Трејлблејзерс.