Top Sport

Вестбрук донесе важен триумф за ЛА Лејкерс, прекината триумфалната низа на гости на Денвер

Лос Анџелес Лејкерс продолжуваат да се борат за место во топ 10 на Западот и плеј-ин турнирот кој би им овозможил пласман во НБА плеј-офот. Синоќа стигнаа до важна победа против Торонто Репторс на гости, по продолжение. Лејкерс победија со 123:128, а можеби најголема заслуга за тоа има Расел Вестбрук, кој со тројка го одведе натпреварот во продолжение.

Репторс требаше да го имаат последниот напад на 10 секунди пред крајот, но Вестбрук ја украде топката, а потоа тргна во напад и постигна кош на три десетинки пред крајот.

Вестбрук го заврши натпреварот со „трипл-дабл“ ефект од 22 поени и по 10 скокови и асистенции. Одличен беше и Леброн Џејмс со 36 поени, девет скока и седум асистенции. Кај Торонто Репторс, најдобар беше Скоти Барнс со 31 поен, 17 скока и шест асистенции, додека Гери Трент Јуниор уфрли 23 поени.

Атланта Хокс ги запре Мемфис Гризлис (120:105) и благодарение на одличната партија на Богдан Богдановиќ ја прекина нивната серија од четири последовни победи.
Ова беше најдобриот меч за Богдановиќ во сезоната, а заврши со 30 поени, два скока и три асистенции, како и три украдени топки.

Во Кливленд беше прекината серијата победи на Денвер на гости. Кавалирс по продолжение славеа со 119:116 и ниту одличната партија на Никола Јокиќ не беше доволна за Нагетс да избегнат пораз. По серијата од седум последовни триумфи на гости, Денвер беше поразен, првпат по 12. февруари кога гостуваше во Бостон. Залудно своја вечер имаше Никола Јокиќ, кој постигна 32 поени, со десет скока и осум асистенции.

Резултати НБА: Филаделфија – Далас 111:101, Атланта – Мемфис 120:105, Бруклин – Портланд 128:123, Кливленд – Денвер 119:116 (прод.), Њујорк – Вашингтон 100:97, Торонто – ЛА Лејкерс 123:128 (прод.), Хјустон – Индијана 118:121, Мајами – Оклахома 120:108, Сан Антонио – Њу Орлеанс 91:124, Јута – ЛА Клиперс 121:92, Феникс – Чикаго 129:102, Сакраменто – Бостон 97:126.

 

Scroll to Top