Top Sport

Ветераните Ариза и Хауард се вратија во ЛА Лејекрс

Лос Анџелес Лејкерс започнаа со формирање на тимот, кој ќе се обиде во новата сезона да ја врати шампионската титула. Лејкерси најпрвин се договорија со ѕвездата Расел Вастбрук, а потоа во тимот вратија двајца ветерани.

Во новата сезона, дресот на Лејкерс, ќе го носат Тревор Ариза и Двајт Хауард.

Ариза (36), минатата сезона настапуваше за Мајами Хит. Тој играше во Лејкерси, во периодот од 2007 до 2009 година. Со „езерџиите“, Ариза, во 2009 година ја освои шампионската титула.

За разлика од Ариза, Хауард, трет пат во кариерата ќе биде играч на ЛА Лејкерс. Тој, со Лејкерси стана шампион во 2020 година.

Покрај ветераните, Лејкерси го потпишаа и Кент Бејзмор. Овој играч минатата сезона настапуваше за Голден стејт Вориорс. За да се пресели во Лос Анџелес, тој одбил финансиски добра понуда од Вориорс.

Ариза, Хауард и Бејзмор потпишале едногодишни договори.

Scroll to Top