Top Sport

Шпанија во финишот ја скрши Шведска

Шпанија го доби трилерот против Шведска, во четврт-финалето на ракометниот турнир во Токио. „Црвената фурија“ славеше победа 34:33 (18:20).

Шпанците, во финишот успеаја да ја скршат Шведска, откако во најголемиот дел од натпреварот ја бркаат предноста на противникот.

Серијата од пет гола, при резултат 25:29 за Шведска, им донесе резултатска и психолошка предност на Шпанците. Веднаш потоа тие ја зголемија предноста на 33:30. До крајот Шведска се доближи на гол негатива, но немаа време за да сторат нешто повеќе.

Абељо со осум, односно Душебаев и Ентрериос со по пет гола ја предводеа Шпанија. Кај Шведска се истакна Ване со десет гола.

Шпанија во полу-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Данска и Норвешка.

Според очекувањата полу-финале избори и Франција. Французите славеа над Бахреин со 42:28. Во полу-финалето Франција го чека победникот од дуелот Германија-Египет.

Scroll to Top