Top Sport

Везенков решил да се пресели во Сакраменто Кингс

Според еден од најдобрите НБА инсајдери, новинарот Марк Стајн, трансферот на Александар Везенков од Олимпијакос во Сакраменто е речси завршен.

Најдобриот стрелец и најголем фаворит за МВП на Евролигата, Саша Везенков, сериозно ја разгледува можноста летово да скокне преку барата, во НБА и да потпише договор со Сакраменто Кингс, тврди Стајн

Изворот на Стајн укажува дека договорот меѓу двете страни „се движи кон неизбежното“.

Извештајот на Стајн доаѓа по вестите од Шон Канингем, новинар кој ги следи Сакраменто Кингс, кој претходно тврдеше дека франшизата била целосно посветена на потпишувањето на Везенков.

Асот на Олимпијакос е обврзан со долгорочен договор со грчкиот тим кој е со важност до 2025 година, но има опција да замине во НБА по завршувањето на актуелната сезона.

27. годишниот Бугарин минатото лето го привлече вниманието на Кингс, но реши да остане во Европа. Тренерот на Сакраменто, Мајк Браун, доаѓаше во Пиреја да го гледа во плеј-офот против Фенербахче.

Scroll to Top