Top Sport

(Видео) Бруталниот трипл-дабл на Јокиќ недоволен за триумф на Денвер

Кошаркарите на Денвер загубија од Њу Орлеанс со резултат 115:110 во натпреварот од НБА Купот. Мечот го обележа Никола Јокиќ.

МВП на минатосезонскоот финале во НБА лигата, натпреварот го заврши со 26 поени, 16 скока и дури 18 асистенции, но ниту тоа не беше доволно бранителот на титулата да го избегне третиот пораз сезонава во 12. натпревар.

Јокиќ стана само третиот играч во историјата кој забележал најмалку четири натпревари со повеќе од 25 поени, 15 скока и 15 асистенции. Во историјата ваков учинок имале само Вилт Чембрлен и Расел Вестбрук, кои имаат 15 такви натпревари.

НБА, пак, објави дека никој во историјата немал статистика како кошаркарот од Сомбор против Пеликанс. Против Пеликанс, Јокиќ го запиша 109. трипл-дабл во лигашкиот дел од сезоната во кариерата.

Нагетс го претрпеа вториот пораз во последните три натпревари, но сепак се лидери во Западната конференција.

Пеликанс се деветти на Западот со скор 6-6.

Најефикасни во победничкиот тим беа Зион Вилијамсон со 26 поени, Јонас Валанчиунас со 22 (8ск, 3ас) и Брендон Инграм со 21 со 8 асистенции. Покрај Јокиќ, во редовите на тимот од Колорадо се истакнаа Крис Браун со 25 поени, 9 скока и 3 асистенции и Мајкл Портер со 18 поени и 11 скока.

Резултати:

Атланта – Филаделфија 116:126

Торонто – Бостон 105:108

Шарлот – Милвоки 99:130 (Ламело Бол 37, 5ск, 5ас, Бриџис 17, 5ск, 4ас – Лилард 27, 5ск, 5ас, Бисли 17, 5ск, 4ас, Адетокумбо 16, 8ск, 9ас)

Вашингтон – Њујорк 99:120 (Кузма 19, 4ск, 5ас, Авдија 18, 4ск, 2ас, Џонс 11, 3ск, 5ас – Бренсон 32, 7ск, 7ас, Квикли 27, 6ск, 4ас, Рендл 22, 7ск, 8с.)

Кливленд – Детроит 108:100 (Гарланд 28, 3ск, 3ас, Мобли 18, 10ск, 5ас – Канингем 20, 5ск, 8ас, Ајви 11, 2ск, 3ас)

Сан Антонио – Сакраменто 120:129 (Колинс 28, 8ск, 5ас, Вембањама 27, 2/8 за три, 9ск, Џонсон 21, 9ск, 7ас – Фокс 43, 8ск, 7ас, Сабонис 27, 14ск, 72с, Монк 4sq, 8as)

Чикаго – Орладно 97:103 (Лавин 34, 6ск, 3ас, Дерозан 23, 4ск, 3ас, Вучевиќ 10, 10ск, 6ас – Ф. Вагнер 21, 4ск, 2ас, Исак 18, 9ск, 1ас, Харис 15 , Банкеро 13, 8ск, 4ас)

Портланд – Лос Анџелес Лејкерс 95:107 (Грант 24, 4ск, 3ас, Ајтон 17, 12ск, 2ас, Шаро 17, 9ск, 2ас – Џејмс 35, 5ск, 8ас, Дејвис 16, 14ск, 2ас, Расел 3,14, )

Јута – Феникс 128:131 (Кларксон 37, 3ск, 5ас, Марканен 21, 2ск, Колинс 15, 14ск, 1ас – Дурент 38, 9ск, 9ас, Букер 24, 4ск 15ас).

Scroll to Top