Top Sport

(Видео) Букер повторно го растури Њу Орлеанс

Девин Букер трет пат во кариерата постигна 50+ поени против Њу Орлеанс Пеликанс. Букер, изминатата ноќ, го предводеше Феникс до победата во Њу Орлеанс 124:111.

Букер натпреварот го заврши со 52 поени, што е петтиот најдобар учинок во кариерата. Бекот на Феникс е првиот играч по Вилт Чембрлен кој постигнал над 50 поени во три последователни натпревари против ист противник.

Сем Букер, кој имаше своја вечер, Кевин Дурент го заврши натпреварот со 20 поени, а забележителна улога имаше Јусуф Нуркиќ, кој забележа нов дабл-дабл со 19 поени и исто толку скокови.

На другата страна од тимот на Њу Орлеанс забележителен учинок имаше Зион Вилијамсон со 30 поени.

Scroll to Top