Top Sport

(Видео) Дејвис со историска партија ја победи Минесота

Ветеранот Ентони Дејвис ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Дејвис блескаше во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Минесота со 120:109.

Кошаркарот на Лејкерс постигна 27 поени со рекордни 25 скока, седум украдени топки, пет асистенции и три блокади.

Тој стана првиот играч во историјата на НБА со 25 или повеќе поени и 25+ скокови на еден натпревар, како и по пет асистенции и украдени топки.

Лејкерси ја забележаа 12. победа во последните 17 натпревари, а добрата вест е што Леброн Џејмс се врати во тимот.

Тој постигна 29 поени со девет асистенции и осум скока, додека Остин Риверс додаде 19 поени.

Од друга страна, Наз Рид постигна 25 поени со три тројки, исто толку поени имаше и Ентони Едвардс.

Следниот натпревар Лејкерси го играат на 14. март во Сакраменто, додека Минесота ден претходно гостува кај ЛА Клиперс.

Резултати:

ЛА Клиперс – Милвоки 117:124
Атланта – Њу Орлеанс 103:116
Мајами – Вашингтон 108:110
Орландо – Индијана 97:111
Сакраменто – Хјустон 104:112
Кливленд – Бруклин 101:120
Оклахома – Мемфис 124:93
Њујорк – Филаделфија 73:79

Scroll to Top