Top Sport

(Видео) Денвер од -20 до убедлив триумф над Њу Орлеанс – 108. трипл-дабл на Јокиќ

Никола Јокиќ игра во како во транс од почетокот на сезоната. Најдобриот играч на актуелниот шампион, го забележа 108. трипл-дабл во кариерата. Се искачи на четвртото место на вечната листа, на која ги мина Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред него се само Расел Вестбрук (198), Оскар Робертсон (181) и Меџик Џонсон (138).

Денвер го победи Њу Орлеанс со 134:116 и покрај тоа што во еден момент имаше негатива од 20 поени. Настапот на Јокиќ за овој натпревар беше под знак прашалник, бидејќи се повреди на тренингот пред натпреварот.

Јокиќ забележа 35 поени, најмногу од почетокот на сезоната, ма кои придодаде 14 скока и 12 асистенции. Во тимот на Нагетс, Мајкл Портер додаде 22 поени, дебитантот Џулијан Стаутер постигна поен помалку, додека Колдвел-Поуп и Гордон постигнаа по 15 поени.

Кај Пеликанс најефикасен беше Џордан Хокинс со 31 поен, Брендон Инграм додаде 22, а Зион Вилијамсон 20 поени, 10 скока и девет асистенции.

Резултати:

Детроит – Голден Стејт 109:120
Индијана – Сан Антонио 152:111
Орландо – Далас 102:117
Филаделфија – Вашингтон 146:128
Бруклин – Милвоки 125:129
Мајами – ЛА Лејкерс 108:107
Њујорк – ЛА Клиперс 111:97
Чикаго – Јута 130:113
Хјустон – Сакраменто 122:97
Минесота – Бостон 114:109
Оклахома – Атланта 126:117
Денвер – Њу Орлеанс 134:116

Scroll to Top