Top Sport

(Видео) Доминација на Јокиќ во Минеаполис, трипл-дабл на Дончиќ во Сан Антонио

Кошаркарите на Денвер Нагетс во Минеаполис го добија дербито на Западот. Нагетс славеа во дуелот со Минесота 115:112.

Актуелните шампиони во вториот период имаа предност од 18 поени, меѓутоа Вулвс се вратија во мечот и го презедоа водството. Клучната серија 10:0 Денвер ја направија во последниот период, а победникот го реши Џамал Мареј на четири секунди до крајот. Последнито обид на Едвардс да избори продолженија не беше успешен.

Денвер до победата го предводеше Никола Јокиќ со 35 поени и 16 скокови, го следеа Мајкл Портер со 26, Џамал Мареј со 18 поени и 11 асистенции, односно Арон Гордон со 14 поени и 11 скокови.

Кај Минесота се истакнаа Ентони Едвардс со 30 и Џејден Мекданиелс со 26 поени.

Денвер се втори на Западот со 48 победи и 21 пораз, Минесота е зад нив со скор 47-22. Лидер на Западот е Оклахома со 47-20.

Далас Маверикс ја продолжуваат борбата за шестото место на Западот. Маверикс славеа во Сан Антонио со 113:107. Далас има 40 и 29 порази и до крајот со Сакраменто и Њу Орлеанс ќе се борат за шестото место.

Лука Дончиќ ги предводеше Маваерикс со трипл-дабл со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции.

Резултати:

Орландо – Шарлот 112:92
/Ентони 21 – Милер 21/

Вашингтон – Хјустон 114:137
/Бернард 16 – Грин 42/

Бруклин – Њу Орлеанс 91:104
/Томас 25 – Вилијамсон 28/

Scroll to Top