Top Sport

(Видео) Дончиќ со трипл-дабл, брејк на Далас во Оклахома – Бостон избори место во финалето на Истокот

Кошаркарите на Далас славеа во Оклахома со 104:92 и поведоа со 3:2 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА. На Истокот, Бостон Селтикс со 4:1 ја решија серијата против Кливленд Кавалирс.

Далас до победата го предводеше Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл со 31 поен (12/22 од поле, 5/11 за три), 11 асистенции и 10 скока.

Словенецот ја имаше и клупната блокада 55 секунди до крајот на мечот против Шеј Гилџес-Александар.

Кај Оклахома најефикасен беше токму Александер со 30 поени.

Кошаркарите на Далас во втората четвртина стигнаа до 15 поени предност, на полувремето имаа 54:44, а на почетокот на последниот период ја зголемија предноста на плус 18 и не дозволија Оклахома да се доближи.

Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Далас.

Бостон со 113:98 славеше во петтиот меч против Кливленд и се пласира во финалето на Истокот.

Кливленд без најдобриот играч Дован Мичел се држеа три четвртини. Во последната Селтикс ја направија клучната серија 13:2.

Џејсон Тејтум постигна 25 поени, имаше и 10 скока, ветеранот Ал Хорфорд блескаше со 22 поени, 15 скока, пет асистенции, постигна шест тројки од вкупно 19-те на неговиот тим.

Scroll to Top