Top Sport

(Видео) Евролигата го суспендираше Теодосиќ

Милош Теодосиќ, кошаркарот на Црвена звезда е суспендиран поради инцидентот со судиите на натпреварот против Ефес (100:55), потврдија од Евролигата.

Во мечот од последното коло, Теодосиќ влезе во жестока расправија со судиите, поради што беше исклучен.

Сето тоа кулминираше кога искусниот кошаркар му се налути на Дариус Томпсон, чие додавање го протолкува како „понижување“, веднаш откако беше досуден прекршок врз Ден Отуру.

Теодосиќ доби техничка од Хуан Карлос Гарсија, во тој момент почна да го брка судијата по теренот, па доби уште една техничка што автоматски значеше дека натпреварот за него е завршен. Поради ова, плејмејкерот на Црвена звезда е суспендиран на следните два натпревари во Евролигата и парчно е казнет со 15.000 евра.

Освен Теодосиќ, со 2.500 евра е казнет и Џоел Боломбој, поради искажана намера да биде агресивен кон противнички играч.

Scroll to Top