Минесота го декласира Денвер со 115:70 во шестиот натпревар од полуфиналната серија на Западот. Резултатот во серијата е 3:3, мајсторката во Денвер ќе се одигра во понеделник наутро по средноевропско време.
Натпреварот во „Таргет центар“ во Минеаполис беше решен во првата четвртина, кога по водството ан Денвер 2:9, Минесота направи неверојатна серија 27:2. Четвртината „волците“ ја добија со 31.14.
На полувреме Минесота имаше водство 59:40. Јокиќ постигна 16 поени во првиот дел, погоди седум од 14 обиди од поле, но остатокот од тимот шутираше 7-30.
Во победничкиот тим се истакна Едвардс со 27 поени, МекДаниелс додаде 21, Конли 13, а Таунс и Рид по 10 поени.
Никола Јокиќ имаше солидна партија, постигна 22 поени, девет скока и 9-19 од поле, но ова едноставно не беше вечер на неговиот тим.
Џамал Мареј потфрли со само 4-18 од поле, не прослави ниту Портер јуниор со 3-9, односно Џексон со 0-6 и Холидеј со 0-5.