Top Sport

(Видео) Јокиќ исклучен, Денвер победи во Детроит

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, беше исклучен од натпреварот против Детроит Пистонс поради две технички грешки.

Јокиќ мина само петнаесет минути на паркетот. Беше исклучен во финишот на првото полувреме поради две технички грешки.

Српскиот кошаркар реагираше кон судиите поради фаулите што не ги судеа врз него, што не е прв пат од почетокот на сезоната.

Непосредно пред Јокиќ теренот мораше да го напушти и тренерот Мајк Мелоун, кој исто така протестираше кај судијата поради очигледни грешки.

Центарот на Денвер за 15 минути на паркетот постигна девет поени, пет скока и пет асистенции.

На крајот сепак Денвер победи со 107:103.

Реџи Џексон постигна 21 поен, Кентавиус Колдвел-Поуп додаде 20, а Кристијан Браун 15.

Мајкл Портер имаше дабл-дабл со 14 поени и 11 скока, додека Гордон имаше 11 поени, девет скока и седум асистенции.

Scroll to Top