Top Sport

(Видео) Јокиќ му спушти рампа на лидерот Бостон, Дончиќ со трипл-дабл го сруши Маками

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ги предводеа своите тимови до победи во НБА лигата. Денвер славеше против лидерот во лигата Бостон, а Далас го победи Мајами.

Актуелниот шампион во НБА лигата го победи лидерот со 115:109. Јокиќ го забележа својот 20. трипл-дабл сезонава или 125. во кариерата во регуларниот дел од сезоната, забележувајќи 32 поени (11 од 18 од поле, 10 од 10 слободни фрлања), 12 скока и 11 асистенции за 39 минути на паркетот.

Покрај Јокиќ кај Нагетс се истакна Џамал Мареј со 19 поени, осум скока и шест асистенции, Арон Гордон додаде 16 поени и девет скока, додека Кентавиус Колдвел-Поуп и Пејтон Вотсон имаа по 11 поени.

Кај Бостон најдобар беше Џејлен Браун со 41 поен. Порзингис имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока, Тејтум 15, а Холидеј 12 поени.

Далас славеше победа над Мајами 114:106.

Најефикасен, беше Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл со 35 поени и 11 скока и асистенции. Со тоа тој стана единствениот играч во историјата, заедно со Расел Вестбрук, кој во пет последователни натпревари стигнал до двоцифрен број во три различни статистички категории.

Кајри Ирвинг додаде 23 поени и по четири асистенции и скока, Данте Ексум имаше 13 поени, пет асистенции и четири скока.

Кај Мајами најдобар беше Тери Розир со 27 поени, 11 асистенции и шест скока. Данкан Робинсон додаде 19, а Бем Адебајо 14 поени и девет скока.

Scroll to Top