Top Sport

Познати двојките во нокаут-фазата во ракометната ЛШ

Заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Познат е костурот во нокаут фазата.

Двете првопласирани екипи од двете групи директно одат во четвртфиналето, а екипите од третото до шестото место од едната и од другата група преку плеј-офот ќе се борат за уште четири слободни места во четвртфиналето.

Директно место во четвртфиналето обезбедија бранителот на титулата Магдебург, Барселона, Кил и Алборг.

Во осминафиналет најнезивесно ќе биде во унгарското дерби Веспрем-ПикСегед.

Други двојки од плејофот се: ПСЖ – Висла Плоцк, Кјелце – ГОГ и Монпелје – Загреб.

Во четвртфиналето Кил ќе игра против подобриот од дуелот Монпелје – Загреб, а Алборг го чека подобриот од дуелот Веспрем – Пик Сегед.

Магдебург како првопласиран во групата Б го чека подобриот од дуелот Кјелце – ГОГ додека ривалот на Барселона ќе биде подобриот од дуелот ПСЖ – Висла.

Scroll to Top