Денвер Нагетс славеа во Минеаполис со 115:107. Нагетс го изедначија резултатот на 2-2 и ја вратија серијата во Денвер.
Белскаше Никола Јокиќ, актуелниот МВП мечот го заврши со 35 поени, по седум скока и асистенции и три украдени топки.
Јокиќ, поради четири лични грешки не играше во третата четвртина, а во последниот период постигна 16 поени.
Во победничкиот тим одличен беше Арон Гордон со 27 поени, Џамал Мареј постигна 19 поени, Браун 11, а Холидеј 10 поени.
Кај домашниот тим се истакна само Ентони Едвардс со 44 поени, пет скока и пет асистенции.
Петтиот натпревар ќе се одигра во среда во 4:30 по македонско време. Пред натпреварот на Јокиќ ќе му биде врачена МВП наградата.