Top Sport

(ВИДЕО) Леброн Џејмс го раскрвави судијата

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го доживеаја и третиот пораз во финалната серија на Западот од Денвер Нагетс откако загубија на домашен терен со 108:119. Мечот го одбележа и уште една случка, ѕвездата на домашниот тим, Леброн Џејмс, го раскрвави судијата Скот Фостер.

Леброн Џејмс во еден момент имаше жесток судир на паркетот со судијата, по што потече крв од неговата уста, па мораа да интервенираат и медицинските тимови.

Инаку, Леброн Џејмс во плеј-офот има само две победи на 19 натпревари кога му судел овој судија кој има 29-годишно НБА искуство.

Scroll to Top