Мајами Хит забележаа победа во дуелот со Атланта Хокс со 117:109.
Хит победата ја обезбедија уште во првата четвртина кога стекнаа предност од 20 поени. До самиот финиш Атланта не успеа да се доближи на минус помал од 10 поени.
Најефикасен во победничкиот тим беше Бем Адебајо со 26 поени и 17 скока.
Тре Јанг постигна 27 поени за Хокс, а Богдан Богдановиќ покрај 15 поени имаше и три скока и една асистенција.