Top Sport

(Видео) Милвоки ги победи Клиперси, 15. последователен пораз на Вашингтон

Кошаркарите на Милвоки славеа во НБА дербито против Лос Анџелес Клиперс. Франшизата од Висконсин го доби натпреварот со 113:106.

Демијан Лилард го предводеше Милвоки со 41 поен, а го следеше Боби Портис со 28 поени и 16 скока.

Кај Клиперс подобри од останатите беа Пол Џорџ и Џејмс Харден со по 29 поени.

Милвоки е втор во Источната конференција со 41 победа и 21 пораз, а Клиперси се четврти на Западот со 39 победи и 21 пораз.

Вашингтон го забележа 15. пораз по ред, откако беше поразен од Јута со 115:127.

Најдобар во победата кај Јута беше Џордан Кларксон со 38 поени, 10 скока и седум асистенции, додека кај Вашингтон се истакна Џордан Пул со 32 поени.

Јута е 11. во Западната конференција со 28 победи и 34 порази, а Вашингтон го забележа 52. пораз сезонава и е на последното место на Истокот со девет победи.

Како домаќин Минесота го совлада Портланд со 119:114, а Руди Гобер беше најдобар во победничкиот тим со 25 поени и 16 скока. Кај гостите се истакна Анфреми Симонс со 34 поени и 14 скока.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен ја победија Оклахома со 116:104.

Лејкерси до победата ги предводеа ДиАнџело Расел со 26 поени, Ентони Дејвис со 24 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со 19 поени, 11 скока и осум асистенции, додека кај Оклахома се истакна Шеј Гилџис-Александер со 20 поени и седум скока.

Во останатите натпревари Мемфис на гости го победи Бруклин со 106:102, а Сакраменто на домашен терен беше поразен од Чикаго со 109:113.

Scroll to Top