Top Sport

(Видео) Милвоки ја растурија Оклахома, Денвер повторно се лидери на Западот

Милвоки Бакс ја совлада Оклахома со 118:93, во НБА дербито и ги однесе Денвер Нагетс, на врвот во Западната конференција. Денвер сега имаат една победа повеќе од Оклахома и до крајот на регуларниот дел жестоко ќе се борат за првата стартна позиција која носи предност на домашниот терен се до големото финале.

Натпреварот во Милвоки го одбележа Јанис Адетокумбо. Двократниот МВП на НБА лигата постигна 30 поени (13/18 шут од поле), а имаше и 19 скока и четири асистенции. Тој беше нерешлива енигма за одбраната на Тандер. Најдобро го следеа Боби Портис и Брук Лопез со 16, односно 15 поени.

Од другата страна, Шеј Гилџис-Александар беше целосно запрен. За 30 минути постигна само 12 поени. Џош Гиди беше на прагот на трипл-дабл со 19 поени, девет скока и осум асистенции.

Минесота, третиот кандидат за првата позиција на Западот, во интересна завршница го победи Голден Стејт со 114:110. Сега на тимот од Сан Франциско сериозно му се загрозен пласманот во плеј-ин.

Кај Тимбервулфс, Едвардс постигна 23 поени со шест скока и осум асистенции, а го следеше Рид со 20 поени и 12 скокови. Стеф Кари на другата страна броеше до 31, но тоа не беше доволно.

Во последниот меч од вечерта ЛА Лејкерси во ефикасен натпревар ја победија Индијана со 150:145. Дејвис постигна 36 поени и 16 скока, додека Леброн запиша 26 поени и 10 асистенции. Паскал Сијакам постигна 36 поени за Индијана.

Scroll to Top