Top Sport

(Видео) МВП, МВП, навивачите на Бруклин му скандираа на Дончиќ

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг блескаа во победата на Далас во Бруклин 119:107. Импресивната партија на Дончиќ, ја натера домашната публика во финишот да му скандира: „МВП, МВП, МВП“.

Кајри Ирвинг против својот поранешен клуб постигна 36 поени. Дончиќ постигна поен помалку со 18 скока и девет асистенции. Словенецот на теренот мина 43 минути и са тоа време имаше само една загубена топка.

Педантните статистичари посочија дека Дончиќ е првиот во историјата на НБА со само една загубена топка со споменатите минути и учинок.

Дончиќ одигра феноменална партија со неколку потези кои станаа вирални.

Резултати:

Индијана Пејсерс – Хјустон Рокетс 132:129
Бруклин Нетс – Далас Маверикс 107:119
Мајами Хит – Орландо Меџик 121:95
Њујорк Никс – Мемфис Гризлис 123:113
Чикаго Булс – Минесота Тимбервулфс 129:123
Јута Џез – Оклахома сити Тандер 124:117
Феникс Санс – Милвоки Бакс 114:106

Scroll to Top